ПРОГРАМА
ИЗРАБОТУВАЧ НА КОНДИТОРСКИ И ПЕКАРСКИ ПРОИЗВОДИ
Сертифицираната програма “Изработувач на кондиторски и пекарски производи” е целосно структурирана обука, која има за цел креирање професионални кадри во кондиторската, пекарската и слаткарската индустрија. Составенa е од 8 модули кои обезбедуваат теориска основа и практични вежби под водство на квалификуван кадар.
Осумте модули на програмата покриваат производството на пекарски и кондиторски производи, организацијата на работата, како и контролата на квалитетот и пакувањето на производите. Обуката користи различни методи за оценување и евалуација за да се утврди колку успешно учесниците го совладале материјалот, што обезбедува квалитетно образование и подготвува кадар кој е способен да се справи со предизвиците во индустријата на кондиторство и пекарство. Наставната програма е во времетраење од 120 часа, од кои 92 часа практична и 28 теоретска настава.
Програмата ја предаваат искусни технолози, експерти во областа на производството во прехранбената индустрија. Наставата ќе се одвива во Развојниот центар Винчини, кој е располага со најсовремената опрема.
Во рамките на програмата, ќе бидат опфатени следните теми, организирани по модули.

Модул 1
Организирање на работата во кондиторска и пекарска индустрија
Модул 2
Производство на пекарски производи
Модул 3
Производство на тестени шеќерни производи
Модул 4
Производство на чоколадни и какао крем производи
Модул 5
Производство на бонбони, пенести производи, локум и алва
Модул 6
Производство на слаткарски производи
Модул 7
Пакување и управување со опрема
Модул 8
Контрола на квалитет
Kритериуми за упис
Кандидатот треба ги исполнува наведените критериуми за упис:
- Образование: Завршено минимум основно образование
- Јазик: одлично познавање на македонски јазик и комуникација на македонски јазик
- Основно познавање на англиски јазик
- Возраст: поголема од 17 години.
- Интерес и мотивација: кандидатите треба да покажат вистински интерес за производство на храна и силна мотивација да продолжат со кариера во оваа област.
- Останати компетенции: математички компетенции, дигитална компетенција, способен за учење, социјални/општествени и граѓански компетенции, чувство за преземање на иницијатива и претприемништво, културолошка свест и изразување
- Предзнаење: за оваа обука не е потребно предзнаење во пекарство, слаткарство и кондиторство