ВИНЧИНИ АКАДЕМИЈА

Основач на Фондацијата Прогресив Академија, во чии склоп се наоѓа Винчини Академија, е Друштвото за трговија и производство МАКПРОГРЕС ДОО Виница.
Целта на Фондацијата е воспоставување на едукативни програми и истражувачко-развојни активности со цел овозможување зголемен развој
на целиот регион преку следните активности: обука на вработените во Макпрогрес ДОО Виница, можности за едукација на бизнис професионалците од целиот регион, поддршка за старт-ап фирми, стипендирање на талентирани студенти со цел нивно насочување во кариерата, соработка со регионални и интернационални едукативни институции, вклучување во програми за едукација на Европско ниво, соработка со билатерални или меѓународни донатори со цел имплементација на развојни и едукативни програми.

Сертифициранатa програма “Изработувач на кондиторски и пекарски производи” е целосно структурирана обука, која има за цел креирање професионални кадри во кондиторската, пекарската и слаткарската индустрија. Составенa е од 8 модули кои обезбедуваат теориска основа и практични вежби под водство на квалификуван кадар.
Програмата започнува на 14.09.2024 и завршува во декември 2024.

Опрема во пилот постројката

– Миксер Spiral mixer Mod. Mixer start EVO 35 (Polin)
– Планетарен миксер King/I Ostali (Polin)
– Мултидроп машина за колачи Multidrop Junior Mod. 40MTR-FXL TS (Polin)
– Машина за колачи Rotary moulder Polin Mod. RTV 45 (Polin)
– Машина за ламинирање Sheeter manual Q600/1000 Ostali (Polin)
– Ротациона печка Oven Scooter 4060 convectionary SE hicontrol (Polin)
– Машина за темперирање на чоколадо Selmi Top EX continuous tempering machine “New Model” (Selmi)

– Тунелски ладилник TUN 300mm – 5mt Cooling tunel + елементи за чоколадирање (Selmi)
– Резервоари Tank 200 (Selmi)
– Миксер за чоколадо – кугличар Micron 25 – Micron ball refiner (Selmi)
– Конвектоматска печка Sirman Aliseo 2/3
– Фрижидер Forcar модел G–ER600SS
– Шок фрижидер Everlasting
– Преси за барови
– Тостери за пакување Clatronic
– Електронска вага T-scale модел AHW
– Електрично решо