Кондиторска перфекција за успешна иднина

 

 

Винчини Академија

Бидете дел од првата сертифицирана Винчини Академија за изработка на кондиторски, пекарски и слаткарски производи во Македонија. Во тимот на предавачи имаме исклучителни професионалци, професори и менаџери на големи регионални комании. Голем број на гости говорници и многу практична работа. Програмата е наменета за сопственици на семејни бизниси, како и за преквалификација и доквалификација на вработени и невработени.

Програма на изучување

Модул1: Организирање на работата во кондиторска и пекарска индустрија
Модул2: Пакување и управување со машини
Модул3: Производство на пекарски производи
Модул4: Производство на тестени шеќерни производи
Модул5: Производство на чоколадни и какао крем производи
Модул6: Производство на пенести производи, локум и алва
Модул7: Производство на слаткарски производи
Модул8: Контрола на квалитет и сензорна анализа

Што може да очекувате?

-Нова димензија на едукација во светот на слаткарство и пекарство
-Неограничени можности за учење и иновација  
-Национален сертификат издаден од Центарот за образование на возрасни од ниво IV 
-Практичните часови од наставата се одвиваат во современо опремен центар со пилот постројка, производен погон и лабораторија, обезбедени со сите потребни опреми за изведување на вежбите.
-Теоретската настава ја спроведуваат врвни предавачи со долгогодишно емпириско искуство
-Тромесечна едукација од вкупно 120 часа (28 часа – теоретска настава и 92 часа практична настава)

За кого е наменета

-Вработени во кондиторската индустрија кои сакаат да ги шират своите знаења и да остварат напредок во кариерата
-Поединци кои сакаат да изградат нова кариера во пекарство, кондиторство и слаткарство, да ги прошират своите хоризонти на знаење во делот на пекарство и во светот на вкусните слатки задоволства
-Сите млади лица кои имаат желба да ја развиваат својата креативност и да влезат во светот на модерната кондиторска индустрија.

Регистрирајте се во нашата база за да бидете во тек со настаните

Дознајте ги новостите пред другите и искористете ги можностите кој ги нуди нашата база.